75-годишниот Шри Чинмој подигнува авиони, автомобили и силни луѓе за да ги инспирира другите.
Њујорк – 75-годишниот фитнес шампион и глобален лидер за хармонија - Шри Чинмој, подигна авиони, големи карпи и автомобил, голема тиква и најсилниот човек за 2002, Хуго Жирард од Канада – со целосна тежина од 111.529 фунти што прилбижно еднакво на 60 тона. Борејќи се со годините и со повредите низ дводневниот нон-стоп кревачки маратон, Шри Чинмој постигна “највосхитувачки подвизи на сила“ во согласност со пет кратниот Мистер Универзум и фитнес експерт Бил Перл. Натприродните демонстрации на сила кои исто така беа видени од илјадници луѓе присутни од цел свет ја покажува посветеноста на Шри Чинмој што тој ја нарекува “крајниот потенцијал на човечкиот дух”. Бил Перл изјави: “75-годиншнот, 175 фунти тешкиот Шри Чинмој ги прави овие највозвишени подвизи на сила што јас некогаш сум ги видел, без разлика на неговите години и на неговата големина. Ова е само мал пример, што овој господин може да направи со умот над материјата.”
- Kористејќи модерни машини за кревање кои му овозможуваат на Шри Чинмој да подигнува луѓе и други објекти користејќи стандардни вежби, Шри Чинмој го подигна 350 фунти тешкиот Хуго Жирард повеќе од десет пати и потисна тежини на дваесет и една различна машина, користејќи различни мускули од неговите раце, нозе, гради и рамена.
- Шри Чинмој изведе неколку подвизи на сила за време на еден од врвните натпревари во боди билдинг на годината, “Ноќта на шампионите” во Town Hall во Нујорк, вклучувајќи ги подигањата на Хуго и Бил Перл во седечка позиција (со мускули од задниот дел на подколеницата) и организаторите на настанот, користејќи ги рамената!
- За време на ноќта на шампионите Г-дин.Демилија му ја врачи на Шри Чинмој наградата “Ноќ на шампионите” цитирајќи го следново: “Подвизи на сила кои што отвараат нови патишта на самонадминување, восхитувајќи и инспирирајќи ги светските спортови и осигурувајќи му посебно место на чест во галаксијата на бесмртни дигачи на тежини.”
- Шри Чинмој подигна три различни мали авиони на Принстон аеродромот во Њуџерси, полни со патници со вкупно четири подигнувања, како и големи карпи од музејот за карпи користејќи ги мускулите од задниот дел на подколеницата.
- Некој од единствените дигања на Шри Чинмој вклучуваат:
-мали авиони подигнати 4 пати, последниот авион подигнат со Хуго, Бил и нивните жени внатре во авионот со целосна тежина од 5329 фунти.
- Кола со двајца качени одозгора, 2558 фунти, како и две статуи од лавови со реална големина, плус Хуго со тежина над 2800 фунти. Масивен челичен кафез со височина од 264 цм и должина од 16.5 метри, држејќи над 1500 книги – напишани од Шри Чинмој;
Џиновска тиква, монструм од 882 фунти, израстена за натпревар од Скот Палмер од Green Rhode Island.
“Шри Чинмој ме импресионира секој пат кога дига. Тој го надминува она што е човечки возможно, особено на негови години!” – Со тоа што бев пристуен овде овој викенд, ја обновив целата моја енергија и добив многу сила да продолжам да работам понапорно.” Г.дин Жирард ја освои пет пати титулата за најсилен човек на Канада и беше светски шампион во 2002 год.
Подигањата се дел од неделната прослава на Шри Чинмој за моќта на човечкиот дух да оди над своите ограничувања. Од неговиот почеток во 1986 на 54 годишна возрааст, тој постигнал многу рекорди на ова поле. “Кога се молиме и медитираме, ние добиваме додатно количевство на енергија кое можеме да го наречеме сила,” – изјавува Шри Чинмој. “Со моето кревање на тежина, јас се трудам да ги инспирирам и охрабрам луѓето од сите возрасти, да ги надминат своите ограничувања”

