Шри Чинмој
Чинмој Кумар Гош е роден во 1931 година, во источен Бенгал - (сегашен Бенгладеш). Шри Чинмој беше најмладиот од седумте деца. Во 1944 година по смртта на неговите родители, дванаесетгодишниот Чинмој влезе во ашрамот на Шри Ауробиндо – духовна заедница блиску до Пондичери, во Јужна Индија. Овде тој ги помина следните дваесет години во духовна пракса вклучувајќи долгочасовна медитација, практикување атлетика, пишување поезија, есеи и духовни песни. Во неговите рани години, Чинмој доживеа многу значајни внатрешни искуства за подоцна да достигне многу напредна состојба на медитација. Во 1964 година се пресели во Њуjорк за да го сподели своето внатрешно богатство со искрените трагачи на Западот.
Денес Шри Чинмој им служи како духовен водач на студенти од преку 60 земји ширум светот, охрабрувајќи го урамнотежениот начин на живеење што ја содржи внатрешната дисциплина на молитва и медитација заедно со динамизамот на современиот живот.
Тој го препорачува патот на срцето за кој вели дека е наједноставен и најбрз начин за постигнување на духовен напредок. „Медитирајќи на духовното срце, трагачот ке го открие своето внатрешно богатство на мир, радост, светлина и љубов.“ – вели тој. За Шри Чинмој, улогата на духовниот учител е да му помогни на трагачот да живее на таков начин за внатрешните богатства да го просветлат неговиот живот.
Животот на Шри Чинмој е израз на неизмерна креативност што ги допира подрачјата на книжевноста, музиката, сликарството и спортот, докажувајќи дека духовноста не е бегство од светот, туку начин на кој може да се промени.
Редовно патува по светот за да понуди бесплатни концерти, предавања и јавни медитации, да се сретне со своите студенти како и со светски лидери пренесувајќи ја својата универзална порака на себенадминување:
„Нашата цел е да одиме од светло кон посветло, кон најсветло. Од високо кон повисоко, кон највисоко. Дури и во највисокото нема крај на нашиот напредок, затоа што Самиот Бог е внатре во нас, а Бог во секој момент ја надминува Својата сопствена Реалност.“
- Шри Чинмој

